Информација :
за промена на името на Здружението на професори по географија на Македонија ЗПГМ – Скопје

На седница на Собрание на ЗПГМ-Скопје, одржана на ден 21.03.2015 година, донесена е одлука за измени во името на здружението, со додавање на името на Проф. Д-р Љубе Миленковски.

На 56-тиот натпревар на млади техничари и природници, младите натпреварувачи во областа применета географија ги презентираа своите трудови и знаења пред комисијата составена од ЗПГМ-Скопје.

Здружението на професори по географија на Македонија ЗПГМ-Скопје на ден 30.03.2015 година потпиша договор за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје.

Почитувани,

Ве информирам дека на иницијатива на група професори по географија, на ден 20.12.2014 година, е формирано Здружение на професори по географија на Македонија ЗПГМ - Скопје.