Се одржа Единаесеттата јубилејна седница на Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ “ – Скопје

 

Почитувани колеги,

Ве покануваме да учествувате на 11-тата Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, која ќе се одржи во просториите на Универзитетот туризам и менаџмент во Скопје, на 21.12.2024 година (сабота), со почеток во 12:00 часот.
По повод 10 години од своето постоење, за учесниците на Собранието предвиден е еднодневен семинар за стручно усовршување и профсионален развој со доделување на соодветни сертификати.
Патните трошоци за учество на Собранието се на товар на Здружението и обезбедени преку фондот проф. д-р Љубе Миленковски.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на службениот мeил на здружението This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или преку регионалните координатори.

АГЕНДА

ДНЕВЕН РЕД

 

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
Проф. д-р Аце Миленковски

На 4.12.2024 година, претставници на највиското раководство на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, оствари средба со Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.

Во согласност со своите програмски определби, а со поддршка од УТМС Институтот за национална географија, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје, по 7-ми пат реализира теренски практикум за своите членови.