На денешен ден во 1937 година во село Сопот, Свети Николе е роден проф.д-р Љубе Миленковски.
Професорот Миленковски остави длабока трага во македонското учебникарство, а особено во наставата по географија.
Тој го обележа патот по кој треба да чекори наставната практика. Неговиот визионерски дух денес служи како патоказ за сите нас неговите колеги и соработници да продолжиме и да го надоградуваме тој патоказ за подобар просперитет на наставата по географија.

Врз основа на добиената акредитација и согласно критериумите предвидени со Правилникот и Пропозициите за организирање и реализирање на натпревари по географија, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје во соработка со УТМС Институтот за национална географија, успешно ги реализираше натпреварите на општинско, регионално и државно ниво.

На 29.05.2024 година, со почеток во 12:00 во преполн амфитеатар на Универзитетот Скопје беа доделени дипломи, пофалници, потврди и признанија на сите учесници на државниот натпревар по географија.
Покрај дипломите, за учениците и менторите кои ги освоија првите три места беа обезбедени и соодветни награди и тоа за освоено 1 место лаптоп, за 2 место мобилен телефон и за освоено 3 место таблет.

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, поддржано од Институтот за национална географија на УТМС, на 29.05.2024 година (среда) ќе ги додели дипомите, пофалниците и наградите за ученици, ментори и училишта кои учествуваа на Државниот наторевар по географија за учебната 2023/2024 година.

Доделувањето ќе се изврши во просториите на Универзитетот Скопје со почеток во 12:00 часот.
За освоено прво, второ и трето место, учениците, менторите и училиштата ќе бидат соодветно наградени.

За учесниците кои освоиле над 85 бода ќе се доделат соодветни сертификати за постигнување на високи резултати, односно пофалница за освоена 3 награда за ученици кои освоиле од 85-90 бода, 2 награда за ученици кои освоиле од 90-95 бода и 1 награда за ученици кои освоиле од 95-100 бода.
Сите останати учесници (ученици и ментори) добиваат потврда за учество на Државниот натпревар.

Соодветни сертификати ќе се доделат и на правни и физилки лица кои помогнале во реализација на натпреварите на сите нивоа.
Наградите за првите три места се обезбедени преку фондот „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и УТМС Институтот за национална географија.

Здружението на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

 

Согласно Правилникот и Пропозициите за организирање натпревари. по одговор на сите пристигнати приговори, ги објавуваме офцијалните ранг листи за ученици од седмо, осмо и деветто одделение од основните училишта.