На 05.04.2025 година (сабота) се одржаа регионалните натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.
На натпревари учествуваа 463 ученика од VII, VIII и IX одделение распоредени во 21 регион. Тие, своите географски знаења ги покажаа преку тестирање, согласно наставните програми по географија.

Почитувани ученици и наставници,

Ве известуваме дека регионалните натправари по географија за учениците од 7, 8 и 9 одделение за основно образование, кои беа закажани за 22.03.2025 година, се одложуваат поради новонастанатата ситуација поврзана со трагедијата во Кочани.
Регионалните натпревари ќе се одржат на 05.04.2025 година (сабота), со почеток во 13:00 часот.

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

На 22.02.2025 година се одржаа општинските натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.
На општинските натпревари учествуваа над 850 ученици кои оваа година своите знаења ги покажаа преку апликацијата Google Meet.
По разгледување на сите приговори заклучена е официјалната листа која е конечна.