- Details
- Hits: 1536
На 18.05.2024 година се одржа државниот натпревар по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение, на кој учествуваа вкупно 169 ученика.
На државниот натпревар право на учество имаа сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветниот регион и сите кои имаа освоено 85 и над 85 бода на натпреварот. Согласно Правилникот и Пропозициите, по објавување на неофицијалната ранг листа незадоволните ученици или менторот имаат право на приговор до државната комисија најдоцна 90 минути по објавувањето на резултатите.
НЕОФОЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ
НЕОФОЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ
НЕОФОЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ
Клуч за седмо одделение - македонски јазик
Клуч за осмо одделение - македонски јазик
Клуч за деветто одделение - македонски јазик
Клуч за седмо одделение - албански јазик
Клуч за осмо одделение - албански јазик
Клуч за деветто одделение - албански јазик
Клуч за седмо одделение - турски јазик
Клуч за осмо одделение - турски јазик
- Details
- Hits: 2765
Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта ќе се одржи на 18.05.2024 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Универзитетот Скопје.
Учесниците треба да бидат присутни во 09:30 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите.
Темите за натпреварите по географија во 2024 година произлегуваат од наставната програма за 7, 8 и 9 одделение.
- Details
- Hits: 1733
Највиското раководство на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, предводено од претседателот проф. д-р Аце Миленковски, оствари средба со Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Весна Јаневска, претседателката на Централната комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, и професорката м-р Бети С. Трајкоска, член на Здружението и кандидат за пратеник на ИЕ 1.
- Details
- Hits: 2609
Почитувани ученици и ментори, Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2023/2024 година, ќе се одржи на 18.05.2024 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Универзитетот Скопје.
- Details
- Hits: 2840
На 16.03.2024 година се одржаа регионалните натпревари по географија за ученици од Основното Училишта.
На натпревари учествуваа ученици од VII, VIII и IX одделение распоредени во 21 регион.